24фудбал

Лотито одбил богатство за Милинковиќ-Савиќ: Мислам дека тоа никој друг во светот на фудбалот не би го сторил

Првиот човек на Римјаните по потписот на нов договор на српскиот интернационалец, во јавноста се пофали дека е посветен на проектот за создавање победничка екипа, тој тврди дека одбил богата понуда за Милинковиќ-Савиќ.

Италија

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, тврди дека одбил понуда за фудбалерот на тимот од Рим, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, вредна неверојатни 160 милиони евра, тој смета дека никој друг претседател во светот на фудбалот не би сторил такво нешто.

Сакаме да изградиме победничка екипа, да се усовршуваме како клуб, а не да ослабнуваме“ рече Лотито говорејќи во едно училиште во Рим на 119. роденден на Лацио.

Доколку би имал поинакво мислење, би го продал Милинковиќ за 160 милиони евра, нешто што не го направив. Мислам дека ниту еден претседател во светот на фудбалот не би сторил тоа што јас го сторив“ додаде Лотито.

Милинковиќ-Савиќ подолг период беше поврзуван со некој од поголемите европски гиганти, но, изминатото лето на крајот се реши да стави потпис на нов договор со Лацио, со кој се реши на верност со клубот до 2023. година.