24фудбал

Реал им се врати на победите, но доживеа ново дно кога е во прашње посетеноста оваа сезона (ВИДЕО)

„Кралевите“ и се израдуваа на првата победа во 2019, вечерва го совладаа Леганес со 3-0 во првиот меч од осминафиналето во Копа дел Реј.

Шпанија

По двата киксна во Ла Лига на стартот од новата година, Реал Мадрид им се врати на победите. Вечерва избраниците на Солари со 3-0 го совладаа Леганес во првиот меч од осминафиналето во Копа дел Реј.

Резултатот беше отворен кон финишот на првиот дел, Рамос од пенал погодои за 1-0. Лукас Вазкез зголеми на 2-0 откако гостите загубија топка на својата половина, а конечниот резултат беше дело на младиот Винисиус кој одлично закачи еден волеј во 77. минута.

Мечот против Леганес сепак нема да биде запаметен по добро кога е во прашње посетеноста. Откако си замина Кристијано Роналдо, бројките драстично паднаа, а вечерва на трибините имаше нешто на 44.000 фанови, што е ново дно и најмала посетеност оваа сезона.