24фудбал

Мората понуден на Барселона и Атлетико Мадрид

Шпанскиот напаѓач може да се врати во Примера, не е тајна дека Севиља го посакува во своите редови, а од друга страна пак, се шпекулира дека е понуден на Барселона и Атлетико Мадрид.

Шпанија

Сосема извесно е дека Алваро Мората уште овој месец да си замине од Челси, а Диарио пишува дека напаѓачот е понуден на Барселона и Атлетико Мадрид.

Мората беше поврзуван со преселба во Севиља, откако претходно наведениот медиум пренесе дека неговиот агент Хуанма Лопез во понеделникот бил во Андалузија за да преговара за својот клиент да се пресели во тој шпански прволигаш.

Сепак, иако го потврдија интересот за Мората, од Севиља посочија и дека би било екстремно тешко за да се реализира нивната зацртана цел во овој случај, од друга страна пак, Барселона и Атлетико Мадрид ја разгледуваат оваа опција, од причина што Ел Хадади е пред заминување од Камп Ноу, а Диего Коста и натаму има проблеми со повредите.

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, ПСЖ и Рома се исто така заинтересирани за услугите на Мората, кој се поизвесно е дека ќе си замине од Лондон, а тоа може да се случи уште во овој преоден рок.