24фудбал

Икарди: Ќе го обновам договорот со Интер, кога клубот ќе ми понуди коректна и конкретна понуда

Аргентинецот се одзва на социјалните мрежи по прашањето околу преговорите со Интер за обнова на договорот со италијанскиот прволигаш, тој потврди дека чека 'коректна и конкретна понуда'.

Италија

Сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара вчера посочи дека во моментов тие се далеку од договор со Интер за обнова на договорот на аргентинскиот напаѓач, а таа додаде дека за неговите услуги сериозен интерес пријавуваат двата најголеми клубови од Шпанија, како и клуб од Англија, односно Франција.

Икарди се одзва на социјалните мрежи по прашањето за преговорите со Интер за ставање потпис на нов договор со италијанскиот прволигаш, тој посочи дека тоа ќе се случи во моментот кога ќе добие коректна и конкретна понуда.

Би сакал да ги известам сите фанови кои читаат вести пишувани од псевдо-новинари во сериозни весници, кои пишуваат или даваат инструкции да се пишува нешто без притоа да се има вистинска идеја на фактите, мојата обнова на договорот ќе се случи кога Интер ќе ми понуди коректна и конкретна понуда“ напиша Аргентинецот.