24фудбал

Братот на Арнаутовиќ со порака до Вест Хем: Го купивте за кикирики, сега оставете го да си замине, тој тоа го посакува

Агентот на Австриецот, поточно неговиот брат упати јасна порака до Премиерлигашот, истакна дека Марко Арнаутовиќ посакува да си замине од Лондон и да се пресели на Далечниот Исток по нови предизвици во неговата кариера, сепак, од Вест Хем категорично посочија кои се нивните намери по ова прашање.

Англија

Данијел Арнаутовиќ, братот а воедно и претставник на ѕвездата на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ, упати барање до Премиерлигашот да му дозволи на напаѓачот да си замине на Далечниот Исток, тврдејќи дека тој тоа го посакувал.

За 29 годишниот австриски репрезентативец пристигна понуда од Кина вредна 35 милиони фунти, а Вест Хем категорично ја одби истата, сега од клубот се бара да ја прифати таа понуда, а агентот на Арнаутовиќ вели дека Премиерлигашот го купил напаѓачот за кикирики’, алудирајќи на малата сума пари потрошени во тој трансфер пред две години од Стоук.

Вест Хем го купи Марко за кикирики, тие платија 20 милиони фунти за него, што е речиси ништо во денешниот трансфер пазар“ вели Данијел.

Тие го донесоа во Вест Хем за да им помогне да останат во Премиерлигата ланската сезона, тој тоа го стори, ги освои сите награди во клубот, најдобар играч, трансфер на сезоната... Сега, Вест Хем има фантастична понуда, близу е до двојно повисока сума“ додава тој.

Тој сака да го искуси овој нов предизвик, да се натпреварува за титули, тоа е тоа што тој го посакува, има голема желба кај него клубот да ја прифати понудата од Кина“ заклучи Данијел Арнаутовиќ, а со реакција се јави и клубот, кој категорично ги потврди своите намери околу ова прашање.

Марко Арнаутовиќ има договор и ние во целост очекуваме од него тоа да го испочитува. Тој не е за продажба“ напишаа од клубот на социјалните мрежи.