24фудбал

Солскјер разбира зошто Покетино е еден од кандидатите за тренерското столче на „ѓаволите“

Оле Гунар Солскјер имаше пофални зборови за Маурисио Покетино во пресрет на дуелот помеѓу Тотнем и Манчестер јунајтед и вели дека сосема разбирливо Аргентинецот е кандидат за тренерското столче на „ѓаволите“.

Англија

Норвежанецот седна на кормилото на Олд Трафорд откако Жозе Мурињо доби отказ по поразот од Ливерпул на средината од декември. Оле Гунар Солскјер е назначен како привремено решение до крајот на сезоната, и во следните месеци лидерите на клубот ќе ги разгледаат сите опции.

Се говори дека Маурисио Покетино е прв кандидат, и самиот Оле Гунар Солскјер вели дека ги разбира ваквите гласини.

„Покетино одлично си ја врши работа. Има причина зошто медиумите шпекулираат, бележи навистина добри резултати. Но не е моја работа да ги оценувам другите тренери. Се фукусирам само на она што јас треба да го сработам и на мојот тим“ – порача Норвежанецот вечерва на средбата со медиумите пред гостувањето кај Тотнем во недела.

Оле Гунар Солскјер исто така потврди дека ситната повреда која го мачеше Пол Погба изминативе денови е минато и Французинот ќе биде подготвен за пресметката на „Вембли“.