24фудбал

Полицијата од Лас Вегас издаде налог, бараат ДНК примерок од Кристијано Роналдо

Медиумите од САД пренесуваат дека полицијата од Лас Вегас издала налог кој веќе е доставен во Италија, се бара ДНК примерок од Кристијано Роналдо.

Италија

Португалецот изминативе месеци е во центарот на вниманието на медиумите не само поради рекордниот трансфер во Јувентус и одличната голгетерска форма во Серија А, туку и поради работи кои не се поврзани со фудбалот.

Весникот „Шпигел“ повикувајќи се на документи од Фудбал Ликс објави дека ЦР7 во 2009 силувал девојка, но потоа и платил 375.000 долари за да молчи. Подоцна се огласи и самата девојка, Катрин Мајорга која детално опиша што се случувало во хотелската соба на Португалецот во Лас Вегас.

Па беше отворена истрага и како дел од процесот, полицијата од Лас Вегас сега изадала налаг за ДНК примерот од Кристијано Роналдо. Како што пишува „Вол стрит џурнал“ налогот веќе е доставен до судскиот систем во Италија.

Кристијано Роналдо постојано категорично демантираше дека ја силувал Катрин Мајорга.