24фудбал

Рамос: Иско и Солари? Комплицирано е...

Не е тајна дека односот помеѓу шефот на стручниот штаб на Кралевите, и плејмејкерот на таа екипа, е далеку од позитивен, за тоа говори и изјавата на капитенот на Реал Мадрид за Диарио.

Шпанија

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го опиша односот помеѓу Сантијаго Солари и Иско како комплициран, плејмејкерот на Кралевите не е во добри односи со својот тренер, а оваа тема крена голема прашина од шпанскиот гигант.

Не баш секоја ситуација е помирувачка, ова е комплицирана ситуација“ вели Рамос.

Во Реал Мадрид има доста квалитетни играчи, секој фудбалер сака да игра, но одлуката е на тренерот, тоа не е едноставна работа“ додаде Рамос.

Медиумите постојано известуваат на оваа тема, зборуваат и за нас, општо за екипата, создаваат шпекулации, а ние треба да си ја завршиме работата максимално професионално за на најдобар начин одговориме на сето тоа“ заклучи бекот на шпанскиот гигант.