24фудбал

Клоп убаво го предупреди Кутињо ама кој да слуша, еве што му кажа за трансферот во Барселона

Филипе Кутињо не можеше да каже НЕ кога Барса тропна на неговата врата, Јирген Клоп се обиде да го предомисли но залудни беа обидите на Германецот, кој убаво ја процени ситуацијата.

Шпанија

Откако Нејмар замина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, Барселона очајно посакуваше нова голема ѕвезда а и парите не беа проблем. Прв избор беше Филипе Кутињо, кој не се двоумеше многу кога „каталонците“ тропнаа на неговата врата.

Ливерпул одби лесно да се раздели со Бразилецот, па го продаде дури во јануари 2018 и тоа за 160 милиони евра.

Филипе Кутињо добро ја започна авантурата на Камп Ноу, но оваа сезона работите не се одвиваат според планот. Плејмејкерот го загуби местото во стартниот состав, игра под очекувањата и во последно време се говори за негова продажба со цел да се приберат средства за враќање на Нејмар.

Медиумите шпекулираат со можен трансфер во ПЖС, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед па дури и Ливерпул.

Останува да се види колку „црвените“ ќе сакаат да го вратат и покрај тоа што се уште не донесоа директна замена за него. Јирген Клоп се обидуваше да го предомисли пред година ипол, но залудни беа обидите на Геманецот, кој убаво ја процени ситуацијата.

„Остани тука и на крајот ќе подигнат статуа во твоја чест. Доколку отидеш на друго место, во Барселона, во Реал Мадрид, во Баерн Минхен, ќе бидеш само уште еден играч. Тука можеше да бидеш нешто повеќе“ – му порача Јирген Клоп на Филипе Кутињо.