24фудбал

Гатузо ги руши надежите на Челси: Се надевам дека ќе остане најдолго што е можно

Шефот на стручниот штаб на Росонерите не крие дека посакува аргентинскиот напаѓач да го има што е можно подолго во својот состав, и покрај интересот на Сари да го доведе во Лондон во екипата на Челси.

Италија

Милан викендов гостува кај Џенова во рамките на редовното 20 коло од италијанската Серија А, а за време на пресконференцијата во пресрет на мечот кој е предвиден да се одигра во понеделник, шефот на стручниот штаб на тимот од Милано, Џенаро Гатузо говореше и за Гонзало Игуаин.

За аргентинскиот напаѓач постои сериозен интерес од Челси, поточно од Маурицио Сари, кој очајно посакува нападот на Премиерлигашот да го засили со Игуаин, но, Гатузо нема намера да се откаже од неговите услуги.

Гонзало е подготвен за натпреварот, доколку не тренираше на начинот на кој јас посакував тој немаше да биде во комбинација за утрешниот меч против Сампдорија“ рече Гатузо.

Постојат многу шпекулации околу неговата иднина, но, неговото однесување тука е одлично. Неговиот агент е во постојана комуникација со Леонардо (спортскиот директор), се надевам дека Гонзало ќе остане тука најдолго што е можно. Во текот на неговиот престој тука во клубот, тој треба да покаже посветеност, каква што имаше и досега“ заклучи шефот на стручниот штаб на Росонерите.