24фудбал

Сари: Клубот добро знае што посакувам

Италијанецот очајно го посакува Игуаин како засилување за Челси уште овој месец, тој имаше одлична соработка со аргентинскиот напаѓач во периодот кога обајцата беа во Наполи, а сега би можеле да соработуваат и во Премиерлигашот.

Англија

Маурицио Сари признава дека на Челси очајно му се потребни две засилувања, тој веќе има две желби кои ги бара од клубот, а тоа се напаѓачот Гонзало Игуаин од Милан, како и фудбалерот од средниот ред на Каљари, Николо Бареља.

Цеск Фабрегас веќе и официјално си замина од Лондон и се пресели во Монако, а се погласни се шпекулациите дека и Алваро Мората ќе си замине, па токму Игуаин и Бареља се двете големи желби на италијанскиот фудбалски стратег од клупата на Челси кој јасно ставил дознаење и до челниците на клубот.

Како што добро знаете, јас не сум инволвиран во трансфер политиката, но, зборував со челниците на клубот и тие многу добро знаат дека мојата желба е сосема јасна, потребни ни се две засилувања, а понатаму сее одлука на клубот“ рече Италијанецот.