24фудбал

Барселона ја одби опцијата Мората

Шпанскиот напаѓач е на излезна врата од Челси, истовремено Премеирлигашот, поточно тренерот на таа екипа Сари јавно побара од клубот ангажман на Игуаин, а со тоа стави јасно дознаење дека местото за Мората во тимот се стеснува.

Шпанија

Барселона ја одби можноста да го ангажира напаѓачот на Челси, Алваро Мората уште во овој преоден рок, според информациите кои ги објави Ел Мундо Депортиво.

Агентот на шпанскиот напаѓач, Хуанма Лопез, се верува дека го понудил својот клиент на повеќе клубови, меѓу кои и Барселона, како и Атлетико Мадрид, а опција беше и Севиља.

Севиља го потврди интересот за Мората, но, исто така клубот од Андалузија стави јасно дознаење дека оваа опција за нив ќе биде исклучително тешко остварлива.

Се верува дека Барселона ја одбила можноста да го добие Мората на шестмесечна позајмица, а се шпекулира дека Каталонците преферираат да му укажат шанса на некој помлад фудбалер.