24фудбал

Бомба од Италија, Реал му предложил на Јувентус голема трампа (ФОТО)

Денешното издание на Тутоспорт вели дека Реал Мадрид го користи интересот на Јувентус за Иско за да стигне до услугите на Пауло Дибала.

Италија

Иско се наоаѓа во незавидна ситуација на Сантијаго Бернабеу, добива мала минутажа од Солари, во Ла Лига нема стартувано меч од октовмри кога Лопетеги беше на клупата, па се почесто се говори за негово заминување. Голем број на клубови ја следат ситуацијата на Шпанецот, и се шпекулира дека Јувентус сериозно загризал за плејмејкерот.

Според денешното издание на Тутоспорт, Реал Мадрид сака да го искористи овој интерес за да стигне до една ѕвезда на „Старата Дама“. Весникот на насловната страна објави „го сакате Иско, дајте ни го Дибала“ и пренесе дека Флорентино Перез ќе предлага голема трампа.

Останува да се види дали може да се комплетира една ваква мега зделка, со оглед на тоа дека Јувентус за Пауло Дибала бара преку 100 милиони евра, додека пак Иско се проценува на 70-80 милиони евра.