24фудбал

Вест Хем го победи Арсенал на домашен терен прв пат по 13 години (ВИДЕО)

Вест Хем со 1-0 славеше над Арсенал во првиот денешен натпревар во Премиерлигата, топчиите загубија значајни бодови во битката за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Англија

Вест Хем многу долго чекаше да се израдува на победа над Арсенал пред своите навивачи. Претходно последен пат тоа се случи во 2006 година. Конечно по 13 години, чеканите се радуваа на свој терен на триумф над градскиот ривал.

Иако се очекуваше меч со голови поради офанзивниот пристап на двете екипи, само еден погодок го реши мечот.

Клучниот момент се случи по три минути игра во второто полувреме кога по асистенција на Насри, Рајс со својот деби гол во Премиерлигата му донесе победа на Вест Хем од 1-0.

До крајот Арсенал се обидуваше да избегне пораз, имаше неколу убави шанси, но не успеа да ја затресе мрежата на Фабијански.