24фудбал

Кутињо би можел да се врати во Премиерлигата, но, не во Ливерпул

Бразилецот повеќе не е опција број еден за својата позиција кај Ернесто Валверде, Артуро Видал и Артур во последните неколку месеци мошне добро ја искористија укажаната прилика за докажување, а дури и Осман Дембеле има позначајна улога од Кутињо во тимот на Барселона.

Англија

Кутињо нема значајна улога во тимот на Барселона, а Дејли Експрес пишува дека Бразилецот го допре дното во редовите на каталонскиот гигант, тој стартуваше само на девет првенствени натпревари за тимот од Камп Ноу сезонава, а се верува дека на лето би можел да се врати во Премиерлигата.

ШТО МУ ПОРАЧА КЛОП НА КУТИЊО ЗА ТРАНСФЕРОТ ВО БАРСА

Не е Ливерпул екипата која засега се шпекулира дека има интерес да го врати на Енфилд, тоа е Манчестер јунајтед, екипа за која Скај Спортс известува дека подготвува понуда да се засили со Бразилецот во летниот преоден рок.

Скај Спортс додава дека Кутињо е на излезна врата од Барселона уште овој месец, а тоа може да се случи доколку Манчестер јунајтед се согласи на прифатна сума за Каталонците.

Освен Кутињо, желба на Манчестер јунајтед, исто така е Лоренцо Пелегрини од Рома, за кого интерес има пријавено и Арсенал.