24фудбал

Тимот на Алиоски се извини за „шпионирањето“ на тренингот на Дерби

Од Лидс велат дека тој потег на Биелса се коси со чесниот пристап во работењето на самиот клуб, од таму додаваат дека сопственикот на тимот од Еланд Роуд веќе остварил средба со својот колега од спротивниот табор за формално да му се извини.

Англија

Шефот на стручниот штаб на чемпионшиплигашот Лидс, каде настапува нашиот Езгјан Алиоски, Марсело Биелса, или популарниот „Лудак“, испратил свој соработник за да го проследи тренингот на Дерби, екипата против која Лидс синоќа на домашен терен славеше со 2-0.

Лицето кое беше „уловено“ со двоглед и клешти крај оградата на теренот каде тимот на Франк Лампард го обавувал тренингот, не бил приведен а веднаш потоа од Дерби упатија жалба поради тој инцидент.

Од Лидс денеска упатија извинување до Дерби, а во своето соопштение кое го објавија на нивниот официјален клупски сајт посочија дека тој гест на Биелса се коси со интегритетот и чесноста со која Лидс е изграден како клуб.

По коментарите на Марсело Биелса во текот на вчерашниот ден, клубот ќе мора да работи на овој случај со нашиот тренер и неговиот стручен штаб, сакаме да ги потсетиме на интегритетот и чесниот пристап во нашата работа со која е изграден Лидс како клубстои во нивното соопштение.

Меѓу другото, во истото се вели дека првиот човек на тимот од Еланд Роуд, Андреа Радризани веќе имал средба со сопственикот на Дерби, Мел Морис за формално да се извини за гестот на Биелса.