24фудбал

Дали Вест Хем попушти? Се чини дека Арнаутовиќ се збогуваше со фановите

29 годишниот напаѓач сака да си замине од Вест Хем, а клубот има можност за добра заработка од тој негов евентуален трансфер во кој и самиот напаѓач го очекува добра заработка во Кина.

Англија

На Островот се шпекулира дека напаѓачот на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ денес се збогуваше со фановите на тимот од Лондон во победата на својот тим против Арсенал од 1-0 во градското дерби.

Австриецот беше поврзуван со трансфер на Далечниот Исток, поточно во Кина откако Вест Хем доби понуда од 35 милиони фунти за својот напаѓач, иако клубот првично ја одби категорично, се чини дека на крајот ќе попушти по притисокот кој го направи и братот на Арнаутовиќ, инаку негов агент.

Братот на Арнаутовиќ со порака до Вест Хем: Го купивте за кикирики

Арнаутовиќ стартуваше од првата минута на градското дерби, а беше заменет во 71. минута од Енди Керол, при излегувањето од теренот тој се чини дека со начинот на поздравување на домашната публика, веќе се збогуваше со нив.