24фудбал

Интер преговара со Антонио Валенсија

Еквадорецот повеќе од сигурно е дека ќе си замине од Олд Трафорд по крајот на актуелната сезона, тој мина цели десет години во редовите на Премиерлигашот кој извесно е дека нема да му го попречува патот до Милано.

Италија

Извесно е дека Антонио Валенсија ќе си замине од Манчестер јунајтед по крајот на актуелната сезона, а 33 годишниот Еквадорец наводно веќе е во преговори со Интер, според информациите кои пристигнуваат од Островот.

Мирор известува дека преговорите помеѓу обете страни околу личните услови на фудбалерот веќе се започнати, а тој во Милано на лето би можел да пристигне како слободен играч на трансфер пазарот, од причина што неговиот актуелен договор со Премиерлигашот истекува токму на лето.

Искусниот фудбалер мина цели десет години на Олд Трафорд, а неговата авантура во тој клуб започна по неговиот трансфер од Виган во 2009. година, иако неговата природна позиција беше на крилната страна, брзо се трансформираше во десен бек.

Како и да е, Манчестер јунајтед има опција да го продолжи неговиот договор на дополнителна една година, но, извесно е дека тимот од Олд Трафорд нема да му го попречува патот до Италија.