24фудбал

Кутроне го однесе Милан во четвртфиналето (ВИДЕО)

Милан по продолженијата победи на гостувањето кај Сампдорија со 2-0 и обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Италија, со истиот резултат но во регуларниот дел Јувентус ја совлада Болоња.

Италија

Кутроне е херојот на Милан, со два негови гола во продолженијата, росонерите се пласираа меѓу осумте најдобри во Купот на Италија.

Во регуларниот дел немаше голови, па натпреварот отиде во две продолженија од по 15 минути. Кутроне го отвори резултатот во 102. минута, а во 108. постигна и уште еден гол со кој ја запечати победата на Милан.

Со 2-0 победи и Јувентус на гостувањето кај Болоња, но на овој меч немаше продолженија. Бернардески уште во деветата минута му донесе водство на Јуве, а Кин во 49. ги постави конечните 2-0.

Денеска победа во Купот на Италија славеше и Лацио кој со убедливи 4-1 ја совлада Новара.