24фудбал

Валверде ги демантира шпекулациите за Нејмар

Шефот на стручниот штаб на Каталонците го тврди спротивното во однос на сториите кои ги објавија одредени медиуми за него и Бразилецот, тој додава дека Барселона како клуб има почит кон ПСЖ.

Шпанија

Ернесто Валверде демантира дека Нејмар би можел да се врати во Барселона, а шефот на стручниот штаб на Каталонците исто така упати демант до шпекулациите од одредени медиуми дека Бразилецот му се јавил во однос на таа тема.

Ел Мундо пренесе дека таткото на Нејмар, инаку негов агент, бил во постојан контакт со челните лица на Барселона, барајќи од нив да го вратат Бразилецот назад на Камп Ноу.

Луѓето секогаш имаат тенденција да кажуваат големи работи околу фудбалерите од другите клубови. Тој е одличен фудбалер, беше одличен на Светското првенство, но, сега игра за друг клуб, немам ништо повеќе што да кажам на оваа тема. Нема никаква вистина во тоа дека Нејмар ми се јавил, тоа е само приказна од медиумите, тој е играч на ПСЖ а ние како клуб го почитуваме ПСЖ“ рече Валверде.

Нејмар во 2017. година си замина од редовите на Барселона за сума од 222 милиони евра, а од тогаш, па наваму, постојано за него се шпекулира за евентуалното враќање на Камп Ноу.