24фудбал

„Зидан си замина поради Бејл“

Поранешниот прв човек на Реал Мадрид има свој став по прашањето зошто Зинедин Зидан си замина од Реал Мадрид, клуб со кој ја покори Европа, тој смета дека Французинот ги судрил копјата со челниците на клубот по едно прашање.

Останато

Зинедин Зидан си замина од Реал Мадрид бидејќи инсистирал на продажба на Герет Бејл, а во никој случај не посакувал такво нешто со Кристијано Роналдо, вели Рамон Калдерон по прашањето кое се уште е доста актуелно.

Зидан инсистираше на продажба на Герет Бејл, повеќе ја преферираше таа опција отколку продажба на Кристијано Роналдо“ посочи поранешниот претседател на шпанскиот гигант.

Наместо тоа, Перез го направи спротивното, Зидан сакаше да има целосна контрола на купувањето и продавањето на фудбалери, тој сакаше да ја има конечната одлука по тие прашања, но, неговите сугестии беа игнорирани, а потоа реши да си замине, Зидан го направи вистинскиот потег“ додаде Калдерон во изјавата за АС.

Зидан си замина од Мадрид, а неколку седмици потоа си замина и Роналдо кој за 100 милиони евра направи трансфер во екипата на Јувентус.