24фудбал

Евертон поуспешен од Борнмут (ВИДЕО)

Тимот на Марко Силва дојде до посакуваната победа од дуелот пред своја публика, а Борнмут иако напаѓаше, на крајот остана со празни раце од гостувањето на Гудисон Парк.

Англија

Евертон дојде до победа од 2-0 во пресметката пред своја публика со Борнмут во рамките на 22 коло од англиската Премиерлига, а домаќините до победата стигнаа со два гола во второто полувреме.

Зума беше фудбалерот кој погоди во 61. минута за почетно водство на Карамелите, а иако сите очекуваа со тој резултат да се затвори мечот на Гудисон Парк, за потврда на трите исклучително важни бода за тимот на Марко Силва се погрижи Клајверт-Луин со гол во самиот финиш од средбата.


Со овие три бода Евертон (30) сега се наоѓа на 10 место на табелата во Премиерлигата, а Борнмут со 27 бода на 12 место.

Од 17,30 часот се игра дербито помеѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед, а колото ќе се затвори со утрешниот дуел помеѓу Манчестер Сити и Вулверхемптон.