24фудбал

Римска војна за Адеми, Рома и Лацио се борат за неговиот потпис!

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми наскоро би можел да го направи трансферот на кариерата и да се пресели во еден од римските гиганти, Рома или Лацио.

Македонија

Според „Газета дело Спорт“, Рома и Лацио се во битка за капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми.

Се пишува дека Рома е подготвена на Динамо Загреб да му плати четири милиони евра за Адеми со цел да го освежи средниот ред.

Но, во игра се вклучил и Лацио кој нуди многу повеќе. Се шпекулира дека Лацијалите може да понудат и до десет милиони евра за македонскиот репрезентативец.

Наскоро би можеле да имаме уште еден играч во Серија А, а тоа ќе значи дека Аријан Адеми ќе го направи трансферот на кариерата.