24фудбал

Погба го прозва Мурињо: Беше доста комплицирано, системот, тактиката...

Французинот игра во одлична форма, предводејќи го Манчестер јунајтед во пет последователни победи во Премиерлигата, викендов имаше неверојатна асистенција во погодокот на Рашфорд во победата на гостувањето кај Тотенхем.

Англија

Манчестер јунајтед игра како препороден по преземањето на кормилото од страна на Оле Гунар Солскјер, тимот од Олд Трафорд викендов славеше на гостувањето кај Тотенхем, минимално со 0-1, а Давид Де Хеа правеше чуда на голот на гостите.

Пол Погба одигра уште еден одличен меч под кормилото на Норвежанецот, асистирајќи на мајсторски начин во голот на Рашфорд, Французинот потсети дека тактиката и системот на работа кој го негувал Мурињо, човекот со кого имаше војна во клубот, додавајќи дека сега од Солскјер добива многу поголема слобода, особено во играта во нападот.

Беше доста комплицирано, системот, тактиката која ја користевме на натпреварите, јас сакам да напаѓам, да правам пресинг, да играм високо, дефанзивниот пристап не е мојот најдобар дел од играта која ја негувам на теренот“ изјави Погба индиректно упатувајќи јасна порака за претходниот систем кој го негуваше Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед, а Французинот посочи како е сега.

Тренерот ми рече да бидам во казнените простори на противничките екипи, бидејќи ќе постигнувам погодоци само на тој начин. Мојот најдобар пример е Френк Лампард, тој беше фудбалерот кој креираше многу шанси, постигнуваше многу погодоци“ посочи Погба.