24фудбал

Де Хеа: Ова е вистинскиот Манчестер јунајтед

Шпанецот правеше чуда на голот на Манчестер јунајтед кој со сиот плен се врати од гостувањето на Вембли кај Тотенхем, домаќините беа во очај по прашањето кое ги мачеше цели 90 минути - како да се совлада неверојатниот Де Хеа.

Англија

Давид Де Хеа вели дека ова е вистинскиот Манчестер јунајтед, во изјавата дадена по победата кај Тотенхем, со што тимот од Олд Трафорд стигна до петтата победа во низа под водство на Солскјер во Премиерлигата, а шпанскиот чувар имаше неверојатно издание.

Јас дури и заборавив на некои интервенции, така не би можел да ја издвојам најдобрата, тренерот донесе среќа во тимот, фудбалерите играат добро а екипата е во моментов многу силна“ посочи Де Хеа.

Знаеме како да ги контролираме натпреварите, како да ја задржиме топката, како да креираме шанси, што е исклучително добро за нас, ова е вистинскиот Манчестер јунајтед“ заклучи Де Хеа.

Шпанецот на дербито во Лондон имаше неверојатна бројка од дури 11 интервенции на голот на Манчестер јунајтед, ставајќи ги во очај домаќините кои едноставно немаа идеја како тоа да го променат.