24фудбал

Гвардиола: 100 милиони за Невеш? Тоа нема да се случи

Шефот на стручниот штаб на англискиот шампион вели дека клубот нема да потроши сума на која алудираат медиумите на Островот за фудбалерот на Вулверхемптон, Невеш.

Англија

Бранителот на шампионската титула во Премиерлигата, Манчестер Сити вечерва на домашен терен ќе го пречека доста незгодниот Вулверхемптон, во редовното 22 коло од најсилниот фудбалски шампионат на Англија.

Медиумите на Островот, ја искористија пресконференцијата на Пеп Гвардиола за да го прашаат за шпекулациите кои тимот на Сити го поврзуваат со ангажман на Рубен Невеш, од редовите на Вулверхемптон.

Тој е неверојатен фудбалер, но, постојат многу добри клубови во светот, кои имаат фантастични играчи во средниот ред, повеќето од нив можат да играат тука (во Премиерлигата). Тоа не е поентата. Повеќето од нив се под договор со своите клубови, пред еден месец почнав да читам низ весниците наслови од типот Рубен Невеш, 100 милиони фунти, тоа нема да се случи“ посочи Гвардиола.

Нема да дадеме 100 милиони фунти, секако, ние на секоја позиција имаме по пет или шест опции, во зависност од годините, во кои веруваме, и секако, тука се и цените“ истакна шефот на стручниот штаб на Сити, алудирајќи на тоа дека има повеќе опции за трансфер пазарот.