24фудбал

Пјатек сака во Милан, остварен е првиот контакт но има еден проблем

Медиумите од Италија пишуваат дека Милан е во пол позиција за потписот на Криштоф Пјатек, двата клуба веќе разговарале но проблем може да биде ФФП.

Италија

Полјакот игра во страшна голгетерска форма во Серија А откако пред почетокот на сезоната пристигна на „Лујџи Ферарис“ за скромни 4 милиони евра, и го привлече вниманието на голем број клубови ширум Европа.

Но последните информации велат дека Милан е во пол позиција и тоа бидејќи самиот Криштоф Пјатек сака преселба на Сан Сиро. Според пишувањата на Спорт Медиасет, напаѓачот смета дека „росонерите“ се единствениот клуб кој може да му гарантира место во стартниот состав и тој да биде во центарот на нивниот проект.

Според Скај Спорт, Милан веќе остварил контакт со Џенова и се распрашувал за условите под кои може да го добие голгетерот.

Проблем преставува тоа што Џенова има поставено висока цена за напаѓачот, и поради големиот интерес за неговите услови бара помеѓу 40 и 50 милиони евра. Исто така, „рособлу“ сакаат зделката да биде перманентен трансфер а не позајмица со опција летоска договорот на играчот целосно да биде откупен.

Милан доби казна од УЕФА поради прекршување на правилата за ФФП, и европската куќа на фудбалот веќе им испрати писмо по трансферот на талентираниот Лукас Пакета од Фламенго.