24фудбал

Давид Силва испиша историја, Сити лесно против Вулверхемптон (ВИДЕО)

Давид Силва стана играчот со најмногу настапи во Премиерлигата во дресот на „граѓаните“, Манчестер Сити се врати на -4 во однос на Ливерпул откако лесо се справи со Вулверхемптон.

Шпанија

Шампионот на Англија продолжува да врши притисок врз лидерот откако вечерва без многу мака стигна до триумф од 3-0 над Вулверхемтон.

Жесус го отвори резултатот во 10. минута на асистенција на Сане, а набрзо гостите останаа со играч помалку откако Боли доби директен црвен картон за опасен старт.

Пред крајот на првиот дел, Жесус погоди од белата точка за 2-0 и веќе тука беше јасно дека трите бода остануваат на Етихад. Во продолжението од мечот, Манчестер Сити не беше расположен премногу за надигрување па до крајот падна само уште еден гол, гостите си постигнаа автогол за конечни 3-0.

Натпреварот исто така ќе биде запаметен по убавиот јубилеј на Давид Силва. За Шпанецот ова беше 267. настап, со што стана играчот со најмногу настапи во Премиерлигата во дресот на „граѓаните“.