24фудбал

Пеп има едно правило за своите фудбалери, а поврзано е со Ливерпул

Шефот на стручниот штаб на англискиот првак издвои и што би сторил доколку Ливерпул излезе како победник во трката за титулата во Премиерлигата оваа сезона, во однос на неговиот ривал, тој има едно правило за своите фудбалери.

Англија

Со синоќешната убедлива победа над незгодниот Вулверхемтпон со 3-0 на домашен терен, бранителот на трофејот во Премиерлигата, тимот на Манчестер Сити ја продолжи трката со Ливерпул за овосезонската титула.

Пеп Гвардиола, шефот на стручниот штаб на Сити, по синоќешната победа, за време на пресконференцијата откри еден интересен детал, правило кое им го упатил на неговите избраници, а се однесува на главниот конкурент сезонава за титулата во Премиерлигата, тимот на Ливерпул.

Немам магично стапче за да знам колку поени ни се потребни. Јас им реков на моите фудбалери да не го гледаат распоредот на натпревари, но, и да не го гледаат истиот за Ливерпул, едноставно да заборават на тоа“ изјави тој, алудирајќи на тоа дека им посочил на своите избраници да не го гледаат календарот на натпревари за обете екипи.

Нормално, кога тоа се случува, вие ги губите своите натпревари, барем така се случувало во моето искуство, потоа сее готово. Доколку Ливерпул ја освои титулата, јас лично ќе му честитам на Јирген Клоп, бидејќи тоа би било целосно заслужено, сешто можеме да сториме е да ги добиеме нашите натпревари“ посочи Гвардиола.

По комплетирањето на 22 коло од Премиерлигата, Ливерпул со 57 бода е на лидерската позиција, Сити има четири бода, а кога говориме за распоредот на обете екипи, еве што ги очекува во следните пет кола:


Ливерпул – Кристал Палас

Ливерпул -  Лестер

Вест Хем – Ливерпул

Ливерпул – Борнмут

Манчестер јунајтед – Ливерпул

 

Хадерсфилд – Манчестер Сити

Њукасл – Манчестер Сити

Манчестер Сити – Арсенал

Манчестер Сити – Челси

Евертон – Манчестер Сити