24фудбал

Жиру би можел во Барселона?

Искусниот француски напаѓач се шпекулира дека е на листата на желби на Барселона, оваа вест одекна како изненадувачка, а доаѓа по информациите дека Мората е се' поблиску до трансфер во Атлетико Мадрид.

Англија

Спорт известува дека напаѓачот на Челси, Алваро Мората е трансфер цел на Барселона, оваа вест наиде на големо изненадување, како на Островот, така и во Шпанија, ако се земе во предвид дека Каталонците подолг период се во потрага по напаѓач.

Каталонците посакуваат да го засилат напаѓачкиот ред уште овој месец, а со тоа да им донесат соработник во таа линија на Лионел Меси и Луис Суарез, а токму Жиру е една од опциите.

Тимот од Камп Ноу се поврзуваше и со Алваро Мората, но, соиграчот на Жиру од Челси е сепоблиску до Атлетико Мадрид, кој се чини дека доби голема битка со Севиља.

Жиру има договор со Челси до крајот на актуелната сезона, а допрва ќе се знае дали би останал на подолг рок на Стемфорд Бриџ.