24фудбал

Жесус се налути по одлуката на Гвардиола да го повлече од игра (ВИДЕО)

Бразилецот со наведната глава и разочараност сакаше да го одмине својот тренер, но, овој беше дециден во намерата да го сопре со таква реакција и го разубедуваше да го надмине разочарувањето.

Англија

Манчестер Сити синоќа обезбеди победа од 3-0 над Вулверхемптон со што се затвори завесата од 22 коло од Премиерлигата, а со тоа продолжи трката со Ливерпул во битката за титулата оваа сезона, Граѓаните во моментов заостануваат четири бода зад лидерот.

Одлично издание во победата против Вулверхемптон имаше Габриел Жесус, бразилскиот напаѓач доби предност во однос на Серхио Агуеро во нападот, а постигна два од вкупно трите гола за својата екипа.

Сигурно Бразилецот посакуваше хет-трик, а тој беше разочаран по одлуката на неговиот тренер Гвардиола да го повлече од игра во 76. минута од средбата при 2-0 за домаќините, до толку беше разочаран што дури сакаше да го одмине својот тренер со наведната глава.