24фудбал

Раниери сакал да ги релаксира играчите со час по јога, Митровиќ и Камара се фатиле за гуша!

Медиумите од Англија пишуваат за тепачка во редовите на Фулам, колегите од нападот, Александар Митровиќ и Абубакар Камара се фатиле за гуша во теретаната.

Англија

Клаудио Раниери минатата недела сакал да ги релаксира играчите со час по јога, но планот на стратегот пропаднал во вода. Според пишувањата на Сан, Италијанецот останал запрепастен откако настанала тепачка помеѓу Александар Митровиќ и Абубакар Камара.

Србинот сметал дека колегата од нападот е непристоен кон јога учителот, па двајцата се фатиле за гуша и морале да бидат разделени од соиграчите.

Митровиќ и Камара еднаш веќе се натегаа и тоа пред очите на сите кога се расправаа кој да шутне пенал против Хадерсфилд. И покрај тоа што Србинот е прв изведувач, Французинот ја зеде топката и не дозволи друг да ја изведе најстрогата казна.

Абубакар промаши, но за среќа на Фулам, Митровиќ само неколку минути подоцна постигна гол и донесе три бода. Тогаш Клаудио Раниери изјави дека му идело да го убие Камара