24фудбал

Тотнем во големи проблеми, Хари Кејн во аут поради повреда

Лоши вести за Тотнем, напаѓачот Хари Кејн во наредниот период ќе биде отсутен поради повреда.

Англија

За време на мечот со Манчестер јунајтед, Хари Кејн заработи повреда на зглобот поради која ќе биде надвор од теренот до март.

Деталниот скен покажал дека капитенот на англиската репрезентација ги оштетил лигаментите на левиот зглоб при дуелот со Фил Џонс и Виктор Линделоф на само секунди до последниот свиреж на судијата.

Дополнителен проблем за Тотнем е тоа што Сон ќе замине на Азискиот куп.