24фудбал

Милан под будно око ја следи ситуацијата со Фелаини

Белгиецот е пред заминување од Олд Трафорд, а се шпекулира дека новиот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер нема да се противи да го пушти фудбалерот да си замине, најголемиот интерес за него пристигнува од Милано.

Италија

Манчестер јунајтед е подготвен да му дозволи на својот фудбалер, Маруан Фелаини да си замине, а за Белгиецот постои интерес од Милан, Порто, како и Гвангжу Евергранде, пишува Мирор.

Фудбалерот од средниот ред на Премиерлигашот подолг период се поврзува со Милан, истото се случуваше и во летниот преоден рок, но, ништо од тоа не се реализираше а шпекулациите повторно се појавија низ медиумите.

Во летниот преоден рок Фелаини по убедување на тогашниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, се одлучи да потпише нов договор, а сега, откако Мурињо доби отказ на клупата на Премиерлигашот, 31 годишниот Фелаини повторно е опција за неколку екипи, а Оле Гунар Солскјер нема да се противи на негово заминување.

Се вели дека Милан под будно око ја следи ситуацијата со Белгиецот, иако нивните приоритети се во нападот, каде имаат проблеми откако Гонзало Игуаин јасно стави дознаење дека сака трансфер во Челси.