24фудбал

Тренерот на Динамо за шпекулациите за Адеми: Кој пишува тоа? Италијанците? Нека пишуваат што сакаат!

Во Италија се појавија шпекулации кои нашиот репрезентативец го „преселија“ во Рим, каде големите градски ривали наводно имаат голем интерес за да се засилат со Македонецот, со свој коментар се одзва тренерот на Динамо кој упати јасна порака.

Македонија

Динамо Загреб ги обавува предвидените зимски подготовки, а само ден откако го совладаа Партизани од Тирана, фудбалерите на хрватскиот клуб стигнаа до нова победа, и тоа минимална од 1-0 против истата екипа.

Ненад Бјелица, шефот на стручниот штаб на Динамо Загреб, се осврна на шпекулациите кои во јавноста ги изнесоа дел од италијанските медиуми, дека капитенот на неговиот состав и македонски репрезентативец, Аријан Адеми би можел да направи трансфер во Рома или Лацио.

Кој пишува дека тој ќе си замине, Италијанците? Они можат да пишуваат што сакаат, тешко дека тој ќе отиде некаде, но, доколку дојде таа неморална понуда, ќе се снајдемепорача Бјелица.


Извор/Фото-вест: net.hr