24фудбал

Балотели останува во Франција, но, не и во Ница

Иако постоеше можност за враќање на напаѓачот во Серија А, од каде имаше голем интерес за неговите услуги, сепак, најлутиот ривал на Ница успеа да го договори на позајмица, барем според информациите кои пристигнуваат.

Франција

Се шпекулира дека преговорите се завршени а веќе е паднат договорот, агентот на напаѓачот Марио Балотели, Мино Рајола пронајде заеднички јазик со Ница, која нема да прави проблеми во преселбата на Италијанецот во Олимпик Марсеј.

Олимпик Марсеј е инаку најголем ривал на Ница, а клубот од Велодром прифатил да го донесе италијанскиот напаѓач на позајмица до лето, кога му истекува договорот со Ница, но, и да ги подмирува неговите лични услови.

За Балотели се најавуваше враќање во Серија А, се споменуваа Џенова, Сасуоло, Парма, но, извесно е дека Олимпик Марсеј бил неговиот прв избор по тоа прашање.