24фудбал

Барселона на лето тргнува по Јовиќ

Каталонците наводно имаат одредено и сума која би ја издвоиле за одличниот напаѓач од редовите на Бундеслигашот кој во новата сезона стрелаше 12 пати во противничките мрежи.

Шпанија

Кадења Копе пишува дека Барселона во летниот преоден рок ќе се обиде да дојде до потписот на неверојатниот српски напаѓач од редовите на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, а Каталонците веќе имаат одредено сума на понудата која сакаат да ја лансираат во Германија.

Се шпекулира дека Каталонците на тимот од Франкфурт ќе му понудат 35 милиони евра за Србинот, пишува горе наведениот медиум, а клубот од Камп Ноу подолг период бара адекватна замена за Луис Суарез.

21 годишниот Јовиќ на лето му истекува позајмицата во германскиот Бундеслигаш каде игра како отстапен од Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт има опција целосно да го откупи неговиот договор, и тоа за 12 милиони евра, сума која сигурно ќе ја издвои за Србинот.