24фудбал

Игуаин под знак прашалник за дуелот со Јуве, фатил настинка во топлата Саудиска Арабија!

Гонзало Игуаин е главна тема на медиумите пред дуелот помеѓу Милан и Јувентус во Суперкупот на Италија, напаѓачот е под знак прашалник за пресметката во Џеда поради настинка.

Италија

Аргентинецот се поврзува со трансфер во Челси па постојано е под будното око на медиумите. Милан попладнево на својот Твитер објави фотографии од средбата со принцот Абдулазиз бин Турки Ал Фаисал, и веднаш падна во очи тоа што Гонзало Игуиан беше отсутен.

На средбата се појави дури и подзаборавениот Рикардо Монтоливо, па многумина сметаат дека ова е знак за преселба на „Пипита“ на Стемфорд Бриџ.


Од таборот на Милан посочија дека Гонзало Игуаин бил отсутен бидејќи добивал третман во моментите кога била направена сликата, но ваквото образложение само дополнително ги подгреа шпекулациите.

За работите да бидат уште поинтересни, набрзо се појавија и информации дека голгетерот е под голем знак прашалник за вечерашната пресметка со Јувентус. Причина за ова е настинката која ја фатил Гонзало Игуаин во топлата Саудиска Арабија. Секако и ова оправдување беше пречекано со потсмев од фановите на социјалните мрежи.