24фудбал

Донарума киксираше, Роналдо се прослави и во Суперкупот на Италија (ВИДЕО)

Јувентус стигна до трофејот од Суперкупот на Италија по триумфот од 1-0 над Милан, ЦР7 го постигна единствениот гол на мечот во Џеда.

Италија

„Старата дама“ на последните четири пресметки во Суперкупот на Италија дури во три наврати остана со празни раце, но Кристијано Роналдо се погрижи Јувентус сега да стигне до трофеот.

Португалецот го постигна единствениот гол на мечот. Во 61. минута од мечот, ЦР7 доби одлична топка од Пјаниќ и со глава ја затресе мрежата на Милан. Но за голот голем виновник е и Донарума, кој ја имаше топката на рака, но реагираше многу лошо.

Милан беше рамноправен противник во првиот дел, но по примениот гол не можеше да стори ништо, особено што Кеси доби црвен картон во 73. минута од мечот. Судијата најпрво покажа жолт, но од ВАР собата доби совет да го прегледа одново стартот, по што Банти ја преиначи одлуката и го испрати фудбалерот од БСК во соблекувалната.

„Росонерите“ во финишот бараа и пенал за еден несмасен старт на Џан, но судијата не досуди ништо, ниту пак ВАР се огласи.