24фудбал

Луд меч на Ванда со шест гола, Жирона го елиминираше Атлетико од Копа дел Реј (ВИДЕО)

Жирона приреди изненадување во осминафиналето од Купот на Шпанија, клубот од Каталонија вечерва се избори за 3-3 на гостувањето во Мадрид и го елиминираше Атлетико.

Шпанија

Атлетико Мадрид е првата голема жртва во Копа дел Реј. „Колчонероси“ се елиминирани откако Жирона одигра одличен натпревар на „Ванда“ и благодарејќи на гол повеќе во гости се пласираше во четвртфинале.

Домаќините добро го започнаа мечот, Калиниќ погоди за 1-0, но Валери со прекрасен гол донесе изедначување во 37. минута. По еден час игра, Стуани навести изненадување и ја затресе мрежата на Атлетико за 1-2.

Но избраниците на Симеоне никогаш не се предаваат, па Кореа изедначи на 2-2 во 66. минута за Гризман да реализира во 84. минута за 3-2. Драмата не запре и Думбија само три минути подоцна донесе 3-3.

Атлетико има за што да жали, со помош на ВАР им беа поништени два гола, но вториот се чини дека беше регуларен и судиите направија грешка. Домаќините исто така бараа и прекршок врз годин на стартот од акцијата при вториот гол на Жирона, но судијата со помош на ВАР пресече дека се е регуларно.