24фудбал

Челси се договори со Јуве за позајмица на Игуаин!

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Челси и Јувентус постигнале договор за позајмица на Игуаин до крајот на сезоната со можност таа да биде продолжена за уште една сезона.

Италија

Доколку се остварат ваквите најави, Игуаин ќе потпише договор со Челси до јуни, а во зависност од неговите перформанси позајмицата може да биде продолжена за уште една сезона.

Милан имаше потпишано со Игуаин едногодишна позајмица за 18 милиони евра со опција да биде откупен за дополнителни 36 милиони евра.

Според „Скај Спортс Италија“, за шест месеци на Сан Сиро, Милан веќе потрошил 17 милиони евра на Игуаин за негова плата и дел од обесштетувањето за Јувентус.

Италијанскиот медиум вели дека тој договор ќе биде прекинат и Игуаин наскоро ќе го облече дресот на Челси.

Неговиот брат, Николас кој е и негов агент е веќе во Лондон каде ги договара личните услови со Челси.

Игуаин денеска беше на клупата на Милан во натпреварот од Италијанскиот Супер Куп против Јувентус, наводно поради настинка, но влезе во игра во последните 20 минути.