24фудбал

Атлетико Мадрид и Челси го финализираат договорот за Мората

Премиерлигашот има договор со Шпанецот до 2022. година, а 26 годишниот Мората конечно ќе има можност да се докажува во Мадрид, откако не успеа да остави добар впечаток во дресот на Челси кој сигурно на крајот ќе има можност да врати дел од вложените средства на него.

Шпанија

Атлетико Мадрид е близу комплетирање на договор со Челси за позајмица на напаѓачот Алваро Мората за до крајот на сезоната, велат информациите кои пристигнуваат.

За Мората подолг период се најавуваше дека ќе си замине од Лондон по слабата полусезона која ја имаше во редовите на Премиерлигашот, каде пристигна од Реал Мадрид минатото лето за сума од 65 милиони евра.

Иако Челси преферира брза продажба на Шпанецот, сепак, Атлетико Мадрид се споменува како единствена екипа во моментов која преговара барем за позајмица и се близу до договор.

Доколку се остварат најавите, тоа на некој начин би било враќање на Мората во тимот на Јорганџиите, екипа за која настапуваше во младинскиот погон, а напаѓачот се поврзуваше и со преселба во Севиља, односно Барселона, но извесно е дека Атлетико Мадрид ќе биде неговата следна дестинација.