24фудбал

Симеоне по шокот од Жирона: Преферирам да играме лошо, а да победиме

Шефот на стручниот штаб на Јорганџиите и честиташе на Жирона за големата победа, односно прогресот во следната фаза од шпанскиот куп, за вчерашниот противник тој издвои дека во ниту еден момент од реваншот не се предал и откажал.

Шпанија

Диего Симеоне верува дека неговите избраници имале солидно издание во дуелот против Жирона во четвртфиналето од Копа дел Реј, откако гостите стигнаа до реми од 3-3, а претходно на домашен терен резултатот гласеше 1-1.

Често играме добро, а немаме резултат, но, јас преферирам да играме лошо, но, да победиме“ изјави Симеоне по мечот.

Моите фудбалери го дадоа максимумот на овој меч, ова беше фудбалска класа од натпревар, дуел помеѓу две одлични екипи, ние почнавме со рано водство и требаше да продолжиме со тоа темпо, но, на крајот мораме да му честитаме на противникот, кој не се откажа во ниту еден момент, а на крајот неказнија“ заклучи аргентинскиот фудбалски стратег.

Атлетико Мадрид сезонава е најголемиот ривал, барем така се чини од досегашните натпревари, на Барселона во битката за титулата во Примера, а во осминафиналето од Лигата на шампионите за противник го добија силниот Јувентус, па сигурно тимот на Симеоне има на што да се фокусира во продолжението од сезоната.