24фудбал

Иско не го ни погледна Солари при излегувањето од теренот (ВИДЕО)

Повеќе нема дилеми во лошиот однос кој го имаат плејмејкерот на Кралевите и шефот на стручниот штаб на таа екипа, обајцата не се ни погледнаа при излегувањето од игра на фудбалерот во поразот кај Легањес.

Шпанија

Реал Мадрид прогресираше во четвртфиналето од Копа дел Реј, и покрај минималниот пораз кај Легањес во реванш пресметката, а Кралевите благодарение на убедливата победа од 3-0 пред своја публика го елиминираа противникот.

Иско доби прилика од својот тренер Сантијаго Солари да го почне мечот уште од првата минута, но, играше се' до 68. минута кога беше повлечен од игра и заменет со Кристо Гонзалес.

Познато е дека Иско и Солари не се поднесуваат во тимот на шпанскиот гигант од поодамна, а начинот на кој плејмејкерот на Кралевите го напушти теренот доволно говори за тоа што се пишуваше подолг период...