24фудбал

Милан се договори со Пјатек, еве ги деталите

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан со подал рака со Криштоф Пјатек за пет годишен договор, но „росонерите“ сега треба да пронајдат заеднички јазик и со Џенова.

Италија

23 годишниот Полјак е идентификуван од Милан како замена за Гонзало Игуаин, кој во скоро време треба да му се придружи на Маурицио Сари во Челси.

Според пишувањата на „Газета дело Спорт“, „росонерите“ веќе си подале рака со Криштоф Пјатек, кој прифатил пет годишен договор.

До крајот на сезоната, напаѓачот ќе има неделна плата од околу 35.000 евра, додека од следната сезона, неговите неделни примања ќе изнесуваат 40.000 евра (нешто над 2 милиони евра годишно), плус значајни бонуси.

Сега останува уште Милан да пронајде заеднички јазик со Џенова, и ова е посложениот дел од зделката, со оглед на тоа дека популарните „рособлу“ бараат најмалку 40 милиони евра, а гигантот од Сан Сиро е под лупа на УЕФА и не може да искешира ваква сума.

Па се разгледуваат најразлични формули, и „Газета дело Спорт“ пишува дека една опција е скапа позајмица. Милан веројатно ќе плати повеќе од 10 милиони евра, со што практично „росонерите“ ќе се обврзат во целост да го купат играчот, додека осанатите 30 милиони ќе бидат платени на рати.

Двата клуба се уште немаат седнато на маса, нои тоа најверојатно ќе се случи веќе утре.

„Нема договор за продажба на Пјатек, остварен е само контакт со Милан и бевме известени дека сакаат да разговараат со нас по Суперкупот на Италија, Се немаме сретнато со Леонардо, но очекуваме наскоро да се одржи состанок“ – вели директорот на Џенова, Џорџо Перинети.