24фудбал

Новинарот кој откри голема корупција во фудбалот во Африка пронајден мртов во Гана

34 годишниот новинар кој одигра главна улога во истрагите кои доведоа до низа корупциски скандали во фудбалот во Африка, пронајден мртов, застрелан во вратот.

Останато

Новинарот од Гана, Ахмед Хусеин кој помогна да се откријат низа корупциски скандали во африканскиот фудбал е пронајден мртов, застрелан во Акра, Гана.

Хусеин беше дел од тимот предводен од доста наградуваниот новинар Анас Аремеја, чија истрага донесе пад на главните лица од куќата на фудбалот во Гана.

Десетици судии и официјални лица во неколку држави беа суспендирани како резултат на истрагата, вклучувајќи го и селекторот на Нигерија, Салису Јусуф, поради земање пари од новинари кои се претставувале како агенти.

Од полицијата во Гана посочија дека ќе се води детална истрага за овој случај, а сите кои се поврзуваат на било каков начин со ова убиство ќе бидат повикани на разговор.

Анас, кој е предводник на тимот кој откри низа корупциски скандали, на социјалните мрежи напиша: ‘Тажна вест, но, нема да се откажеме, ниту ќе замолчиме, почивај во мир, Ахмед.

Вреди да се издвои и тоа што претходно Хусеин беше на мета на политичарот Кенеди Агијапонг, кој гостувајќи на една телевизија покажа слика од новинарот а повика на „линч“ кон него: ‘Ова момче е доста опасно, живее тука, доколку дојде, претепајте го рече тој покажувајќи на фотографијата на која беше Хусеин, додавајќи дека ќе плател за таа „услуга“ (види видео подолу), а самиот политичар веднаш по убиството негираше било каква вмешаност со тоа.

Како резултати од истрагата која ја извршуваше Хусеин, минатиот октомври, ФИФА го суспендираше Кеши Нијантаки доживотно од фудбалот, казнувајќи го и парично со 500 илјади долари, поради тоа што се објави снимка на која се гледа како зема мито. 


Фото-вест: Билборд во Акра на кој се рекламира истрагата на која работеше Ахмед Хусеин за да објави јавно корупција во фудбалот во Гана