24фудбал

Јувентус посакува еден фудбалер на Челси во договорот за Игуаин

„Заборавениот“ 24 годишен Бразилец кој во Лондон дојде од редовите на Рома, би можел да се врати во Серија А, откако се појави информација дека Јувентус посакува да го вклучи во договорот со Челси за Игуаин.

Италија

Јувентус се надева дека во договорот со Челси за Гонзало Игуаин ќе го добие Емерсон Палмиери, со тоа, Тутоспорт пишува дека Премиерлигашот ќе избегне да исплати девет милиони евра за да го позајми Игуаин до крајот на сезоната.

Како и да е, Старата Дама нема да настојува за Бразилецот, од причина што ќе преферира ќеш во случајот со Игуаин,а ќе води поединечни преговори за поранешниот бек на Рома, кој освен Јувентус, заинтересиран е воедно и Атлетико Мадрид.

Емерсон беше доведен на Стемфорд Бриџ од страна на поранешниот шеф на стручниот штаб на Челси, Антонио Конте, минатиот јануари, но, не е во преден план во редовите на Премиерлигашот, извесно е дека ќе си замине уште овој месец.