24фудбал

Реал Мадрид ќе потроши 50 милиони евра за фудбалер на Порто

Кралевите се близу до договор со Порто, но, Марка наведува дека Едер во Мадрид не би пристигнал порано од јуни, од шпанскиот гигант се вели дека имале скаути на пет меча на Порто на кои под будно око била следена играта на Бразилецот.

Шпанија

Реал Мадрид наводно донел конечна одлука за да го ангажира дефанзивецот на Порто, Едер Милисао оваа година, а од шпанскиот гигант немаат ништо против да ја активираат откупната клаузула на фудбалерот која гласи 50 милиони евра.

20 годишниот Едер претходно беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, а се вели дека неговата откупна клаузула во средината на јули е предвидено да порасне на 75 милиони евра.

Бразилецот се приклучи на Порто во претходниот летен преоден рок, пристигна од Сао Паоло за само четири милиони евра, настапуваше на сите 22 натпревари за Порто досега, клуб кој има низа од 18 победи во сите конкуренции.

Милисао природно е десен бек, но, одлично си ја извршува својата задача и во централниот ред на дефанзивната линија, освен тоа, одлично се вклопува и во играта во средниот ред.

Дека не е ништо чудно да падне договор помеѓу Реал Мадрид и Порто уште во јануарскиот преоден рок за Едер, е фактот што португалскиот клуб го ангажираше Пепе како засилување во дефанзивната линија.