24фудбал

Челси го пропушти крајниот рок за Игуаин

Клубот од Стемфорд Бриџ не успеа на време да го комплетира трансферот на Гонзало Игуаин за напаѓачот да се најде во составот за градското дерби против Арсенал.

Англија

Желбата на Маурицио Сари конечно ќе биде исполнета и стратегот ќе има прилика одново да работи со Гонзало Игуаин. Челси оваа недела си подаде рака со Јувентус за позајмица до крајот на сезоната со опција истата да биде продолжена за 12 месеци, а братот на играчот отпатува за Лондон да ги договори деталите од договорот на „Пипита“.

Сепак, „сините“ не успеаја на време да го комплетираат трансферот за Аргентинецот да се најде во составот за градското дерби со Арсенал овој викенд. Крајниот рок за регистрација беше денеска на пладне.

Па Гонзало Игуаин сега најверојатно ќе дебитира за Челси во четврток следната недела кога на програмата е уште едно лондонско дерби, односно реваншот против Тотнем во полуфиналето од Лига купот.