24фудбал

Барса доби незгоден противник во четвртфиналето, Жирона по Атлетико налета на Реал (ФОТО)

Севиља против Барселона е најинтересниот пар од четвртфиналето во Копа дел Реј, Жирона откако го елиминираше Атлетико налета и на вториот гигант од Мадрид, Реал.

Шпанија

Бранителот на трофејот во Купот на Шпанија, Барселона доби незгоден противник во следната рунда. „Каталонците“ ќе ги одмерат силите со Севиља. 

Реал Мадрид ќе треба да биде многу внимателен откако ждрепката го спои со Жирона. Малиот клуб од Кталонија во осминафиналето приреди изненадување и го елиминираше Атлетико Мадрид.

Хетафе против Валенсија и Еспањол против Бетис се преостанатите две двојки. Првите мечеви се играат на 22-ри, 23-ти и 24-ти јануари, додека пак ревашните се една недела подоцна.